Дефанзивецот на Челзи, Сезар Азпиликуета не сака да ја прифати понудата на Барселона и настојува да потпише нов договор со Челзи.
Договорот на Шпанецот со лондонскиот клуб завршува на крајот на оваа сезона, што значи дека веќе на 1 јануари тој ќе биде во можност да преговараза трансфер во друг клуб во јуни. Барселона е заинтересирана да го ангажира како слободен играч, но тој самиот нема намера да се враќа на Пиринеите.
Според „Дејли Мејл“, 32-годишниот фудбалер планира да потпише нов договор за нови две години со „сините“, но преговорите се уште се закочени.