Без Митревски и “Германците” на стартот, Македонија комплетна на 29 декмеври

274

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров утре ќе прозива пред стартот на подготовките за претстојното Европско првенство 2022 година, кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Традиционално нашите ракометари секој јануари се главна тема во Македонија, тие се единствената репрезентација која редовно учествува на големите натпреварувања. Овој јануари во центарот на вниманието ќе биде Дебрецин, градот каде Македонија ќе ги одигра мечевите од групната фаза, во која силите ќе ги одмери со Словенија на 13 јануари, два дена подоцна со Црна Гора, додека на 17 е закажана пресметката со Данска. Подготовките за континенталното натпреварување ќе се одвиваат во две фази. Во првата Лазаров нема да смета на Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, кои поради обврски кон клубовите ќе се приклучат на 29 декември. Ќе доцни и Никола Митревски, тој ќе се приклучи на 26 овој месец. По утрешната прозивка, закажана за 12 часот во хотелот Александар Палас, момците заминуваат во Маврово каде ќе одиграат два пријателски натпревари против Кувајт, на 27 и 29 декември. Втората фаза од подготовките ќе биде во Скопје, три дена по Нова година, Македонија ќе се тестира против Израел, реваншот се игра на 4 јануари. Нашите ракометари во Скопје ќе бидат до 11 јануари по што ќе заминат за Дебрецин. Во следната фаза на ЕП место ќе обезбедат само првите две селекции од секоја група.

ПретходноИ Ференцварош во “игра“ за Серафимов!
СледноФиорентина купи напаѓач на Лил за 15 милиони евра