Се чини дека името “Под Тумбе Кафе“ на стадионот во “градот на конзулите“ ќе оди во историја. Имено деновиве е покрената иницијатива од битолчани, стадионот да се преименува во “Петар Милошевски“, во чест на прерано и трагично починатиот спортски и пред се фудбалски великан на Битола и Македонија, Петар Милошевски.
Оваа иницијатива веќе била доставена до Советот на градот Битола која се разбира дека ќе биде прифатена.
Петар Милошевски како “дете“ на Пелистер, а потоа и еден од нашите најдобри голмани во историјата, со богата кариера и настапи во репрезентацијата, почина како спортски директор на селекцијата на Македонија, тоа и го заслужува.