И покрај сите мерки, и покрај сите напори на државите во Европа, и дефинитивно Короната задава голем удар. Па така се слушаат шпекулации од Островот, а тоа на вчерашниот состанок на клубовите од Премиер – лигата било разговарано, дека властите во Б. Британија имаат намера да ги затворат стадионите и натпреварите да се играат без гледачи. Како што и беше претходно во ова време – невреме.
Во Велс таква одлука денеска е донесена. Имено од 26 декември па натаму забранет е пристап на гледачи на стадионоите во тој дел на В. Британија. Сега се чини на ред е Англија.
Секако дека ова е лоша вест за фановите.
Познато е дека големи проблеми со Ковид-19 има во Реал Мадрид, таму дури седуммина играчи се позитивни.
Но ново жариште на короната се отвара во Италија.
Имено денешните вести говорат дека на најновата листа на позитивни се играчи на Лацио и Наполи. Меѓу другите тоа се Чиро Имобиле, еден од голгетерите во Серија А, како и Лоренцо Инсиње, капитенот на наполитанците.