Искусниот чилеански тренер Мануел Пелегрини е награден за добрите резултати на Бетис оваа сезона. Бетис стана конкурент за ЛШ, со 33 бода во 18 натпревари.
Пелегрини во Бетис дојде летото 2020 година и во првата сезона успеа да се квалификува во Лига Европа, откако во Ла Лига заврши на шестото место.
Претходниот му беше со важност до 2023 година, а сега го продолжи договор до 2025 година.
Од доаѓањето на клубот Чилеанецот испиша историја со тоа што стана тренер на Бетис со процентуално најмногу освоени бодови. Екипата игра офанзивно и редовно постигнува голови, а резултатите се само награда на работата.