Купот на африканските нации ќе се одржи според планот, уверува претседателот на Африканската фудбалска конфедерација, Патрис Моцепе. Континенталниот собир на најдобрите фудбалски репрезентации на „Црниот континент“ треба да се одржи во Камерун меѓу 9 јануари и 6 февруари следната година.
Поради се поголемиот број заразени со новиот сој на Ковид-19, се шпекулира дека турнирот може повторно да биде одложен. Во принцип, истиот требаше да се одржи лани, но и тогаш пандемијата на КОВИД-19 беше причина за неговото одложување.
„Омикрон е голем предизвик за нас, но мораме да се носиме со вакви искушенија“, изјави Моцепе.
Тој гарантира дека ќе се преземат сите неопходни мерки на стадионите да влегуваат само вакцинирани навивачи или оние кои претходно биле негативни. Многу европски клубови потајно се надеваа дека Африканскиот куп на нации нема да се одржи, бидејќи во спротивно ќе останат без важни играчи во период од еден месец. Исто така, овие играчи можеби ќе треба да бидат ставени во карантин при нивното враќање од Камерун.