Нејмар и Меси не беа на роденденот на Мбапе, соиграчите се мајтапеа со него (ФОТО)

1666

Килијан Мбапе вчера наполни 23 години, на неговата роденденска забава беа дел од соиграчите од ПСЖ. Меѓу нив ги немаше Нејмар, меси, Ди Мариа, како и Мауро Икарди, а оние кои дојдоа му донесоа оригинален подарок.

Со оглед на тоа дека во јавноста постојано се зборува за иднината на младиот француски фудбалер, чиј договор завршува оваа сезона, играчите на ПСЖ одлучија да му подарат дрес на ПСЖ на која стоеше бројката 2050, година до која би требало да остане во тимот.

Но, сето се чини ќе биде тешко, на големо се пишува дека Мбапе следната сезона ќе го гледаме во дресот на Реал Мадрид.

ПретходноОвации за Кари, синот на Грин направи шоу (ВИДЕО)
СледноРекорден број на коронавирус во Премиер-лигата