Овации за Кари, синот на Грин направи шоу (ВИДЕО)

378

Голден Стејт се вратија дома по турнејата, на која Стев Кари стана рекордер во НБА-лигата по бројот на постигнати тројки. Фановите на Вориорс со овации го поздравија ова остварување на својот миленик, кој пак го предводеше својот тим до нова победа. Голден Стејт го совлада Сакраменто со 113-98  за 28 победа оваа сезона, со пораз повеќе се наоѓаат зад Феникс, кој е лидер во Западната конференција.

Кари мечот го заврши со 30 поени, три скока и четири асистенции, постигна четири тројки, но од 12 обиди. Покрај него добра партија пружи и Грин, кој мечот го заврши со трипл-дабл од 16 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Во центарот на вниманието на оваа средба се најде синот на Грин, кој има четири години. Тој им носеше пешкири на кошаркарите, им помагаше на играчите, меѓу нив и Кари, секако под будното око на економот на Вориорс.

РЕЗУЛТАТИ НБА

Бостон – Филаделфија 103:108
Чикаго – Хјустон 133: 118
Мемфис – Оклахома 99: 102
Јута – Шарлот 112: 102
Голден Стејт – Сакраменто 113: 98
Л.А. Клиперс – Сан Антонио 92: 116

ПретходноДоделени лауреатите „Златна Олимпија“ за најуспешни жени во спортот
СледноНејмар и Меси не беа на роденденот на Мбапе, соиграчите се мајтапеа со него (ФОТО)