Натпреварот од 19.коло на италијанската Серија А помеѓу екипите на Удинезе и Салернитана е одложен, објавија од двата клуба. Причината е заболени од коронавирус во редовите на Салернитана. На тимот од Салерно му беше забрането да патува во Удине токму поради заразени членови во екипата од кои двајца се фудбалери, а има и тренери и технички лица.
Локалните здравствени власти му наредија на клубот да не патува, да не тренира ниту да игра натпревари во наредните неколку денови во страв да не се појават нови случаи на заразата. Се следи ситуацијата на оние кои биле во контакт со заразените во изминатите денови.
Ова е трет меч одложен оваа недела по двата одложени меча во Серија Б и тоа Беневенто-Монца и Лече-Виченца.