Фиорентина купи напаѓач на Лил за 15 милиони евра

219

Италијанскиот прволигаш Фиорентина добива нов напаѓач. Клубот од Фиренца се договори со Лил за трансфер на францускиот напаѓач Жонатан Икон за кого ќе плати 15 милиони евра плус на францускиот првак ќе му плати 10% од сумата при наредниот трансфер на фудбалерот.

Икон ќе потпише петгодишен договор.

Инаку Икон е дете на Пари Сен Жермен, во 2016 година се проби во пшрвиот тим но одигра само четири натпревари. Една сезона мина на позајмица во Монпеље, а во 2018 година прејде во Лил.

Има и четири натпревари и еден гол за сениорската репрезентација на Франција.

ПретходноБез Митревски и “Германците” на стартот, Македонија комплетна на 29 декмеври
СледноГо избркале од репрезентацијата на Сирија зошто играл на меч на кој бил и Евреинот Аврам Грант!