Фудбалерите на Арсенал се први патници во полуфиналето на Лига Купот на Англија. Вечерва на „Емирати“ во Лондон, „топчиите“ славеа со убедливи 5:1 против екипата на Сандерленд и го визираа своето место во полуфиналето.
Вечерва блескаше младиот 22-годишен голгетер на домашните, Едвард Нкетиа, кој постигна хет-трик. Најпрво погоди за водство од 1:0 во 17. минута, а во второто полувреме постигна уште два гола во 49′ и 58′. Стрелец на вториот гол за домашните беше Пепе, додека во судиското продолжение во листата на стрелци се запиша и Патино.
Утре на програмата се преостанатите три четврфинални дуели.