Победа на Шифрин во Куршевел, нејзина 72. во Светскиот куп

153

Американката Микаела Шифрин ја оствари втората победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако триумфираше на патеката во францускиот зимски центар Куршевел. Денеска се возеше велеслаломската трка и Шифрин беше најбрза, пред Швеѓанката Сара Хектор и Швајцарката Мишел Гисин. Утре во Куршевел е втората велеслаломска трка.

Со тоа Шифрин ја оствари шестата победа во кариерата во Куршевел од кои четири се во велеслаломските трки, а по една во слаломот и паралелниот слалом.

Се вкупно денешниот триумф е 72. во Светскиот куп за двојната олимписка победничка.

ПретходноЛа Лига ги врати протоколите за заштита од Ковид-19
СледноНов крал на асистенциите – Тадиќ го урна рекордот на Меси