Очигледно е дека Манчестер Јунајтед ниту се шегува, ниту пак има време за губење. Имено Ралф Рангник и дефинитивно тргнува по Ерлинг Халанд. Тие го сакаа и кога Норвежанецот од Молде се пресели во Салцбург, но тогаш Халанд се одлучи за автсрискиот гигант. А тогаш шеф на Ред Бул Салцбург беше никој друг туку Ралф Рангник.
Токму затоа Германецот сака да ги искористи “врските“ со семејството Халанд и сега да го донесе на “Олд Трафорд“. Ако некогаш успеа да го “зграпчи“ Норвежанецот, зошто не би успеал во вторпат.
Како што известуваат медиумите во Англија и Германија,. Рангник веќе имал разговор со таткото на Ерлинг, се сложиле и двајцата дека откупната клаузула од 75 милиони евра не е никаков проблем за Јунајтед, напротив, останало да се преговара за личните услови на самиот фудбалер.
Од друга страна позната е желбата на Халанд, а таа се вика никој друг туку Реал Мадрид.