Го избркале од репрезентацијата на Сирија зошто играл на меч на кој бил и Евреинот Аврам Грант!

558

Како што јавуват медиумите во Израел, сириски фудбалер е исфрлен од репрезентацијата по еден ревијален меч на кој бил и Евреинот Аврам Грант, инаку познат стратег кој некогаш предводеше повеќе клубови во Европа.
Сирискиот олимписки комитет објави дека Ал Хатиб е исклучен од Националниот олимписки комитет и генералната спортска федерација поради „кршење на вредностите и идеалите на организацијата и отстапување од нејзините национални принципи“.
Во ревијалниот натпревар на Арапскиот куп на ФИФА настапија поранешни фудбалери од арапските земји и од целиот свет. Тренер на тимот на светските легенди беше Израелецот Аврам Грант. Тројца алжирски фудбалери се повлекоа од натпреварот, а голем број арапски играчи ги избришаа израелските знамиња од своите дресови во знак на протест против вмешаноста на Грант.

Ал Катиб, од своја страна, изрази шокираност од одлуката на Сирискиот олимписки комитет, пишувајќи во објава на своите профили на социјалните мрежи дека казната е „неправедна“ и дека тој не бил однапред повикан да даде одговори за ситуацијата.
Фудбалерот истакна дека не бил свесен дека Грант учествувал на натпреварот и дека има документи кои можат да го потврдат тоа. Тој додаде дека името на Грант не било на списокот што му бил доставен пред натпреварот и дека само бил информиран дека Грант учествувал на денот на натпреварот.

ПретходноФиорентина купи напаѓач на Лил за 15 милиони евра
СледноНаполи како од шега може да го продаде ДИЈАМАНТОТ за 50 милиони евра!