Српскиот интернационалец Душан Тадиќ е новиот крал на асистенциите. Ѕвездата на Ајакс успеа да го собори рекордот кој десет години го носеше Меси по број на асистенции во една календарска година.
Освојувачот на Златната топка Лионел Меси во 2011 година впиша 36 асистенции, а тоа остварување го подобри Тадиќ кој оваа година има 37 асистенции.
А во досегашниот дел од 2021 година Меси има 19 асистенции во дресот на Барселона, ПСЖ и Аргентина од кои пет за парискиот гигант.