Нови главоболки за Анчелоти: И седми фудбалер позитивен на Ковид-19

281

Коронавирусот и натаму прави проблеми во редовите на Реал Мадрид. Откако минатата недела од таборот на „кралскиот“ тим открија дека имаат шест позитивни играчи на Ковид-19, денеска оваа бројка се зголеми за уште еден фудбалер.

По Модриќ, Бејл, Асенсио, Родриго, Марсело и Лунин, во изолација им се приклучи и Иско.

На голема „среќа“, ако може така да се каже, Карло Анчелоти и натаму може да смета на голем дел од своите најдобри играчи. Од листата на позитивни само Лука Модриќ е незаменлив во составот.

За Анчелоти лоша вест е што Касемиро е суспендиран, а Карвахал се повреди, а исто така нема да можат да играат во Билбао, дуел кој е закажан за утре.

ПретходноФФМ дел од кампањата на ЕУ и Советот на Европа: Блокирај ја омразата – сподели љубов
СледноСонуваат за Халанд и Влаховиќ, а немаат пари за Јусуф Демир!