Црвена звезда плаќа 1 милион евра за соиграч на Николов

513

Белградска Црвена звезда тргнува по репрезентативецот на Гана, Едмунд Адо. Станува збор за играчот за врска на Шериф Тираспол, соиграч на нашиот репрезентативец Бобан Николов.

Репрезентативецот на Гана остави силен впечаток кај раководството и тренерот на Црвена звезда по нивните дуели од квалификациите за Лигата на шампионите.

Шериф бара 1.000.000 евра за играчот од средниот ред, за кои Црвена звезда е заинтересирана да ги плати, а преговорите наскоро треба да влезат во завршна фаза.

ПретходноЈуве продолжи со победи, Џенова извади бод против Аталанта (ВИДЕО)
СледноСевиља и Барса поделија по бод (ВИДЕО)