Го пушти својот клучен играч, кој наверојатно ќе оди во лутиот ривал, а сега ќе се засилува со непознати странци. Се разбира дека тука мислиме на Шкендија, актуелниот шампион на Македонија, која есенскиот дел заврши на третата позиција. Па така откако се раздели со Арменд Алими, раководството на тетовци е во потрага по нов играч за врска. Како што се шпекулира во градот под Шара, изборот паднал на искусниот интернационалец од Бразил, Андре Менсалао. Станува збор за фудбалер кој има 31 година, а последен клуб му бил Севан од Ерменија, инаку најголем дел од својата кариера, што е и нормално, ја минал во нисколигашки клубови во Бразил.