Златан Ибрахимовиќ нема да може да му помогне на својот тим на дуелот против Емполи во рамките на 19. коло во Серија.
Шведскиот напаѓач поради проблем со коленото ќе биде поштеден за оваа средба, потврди и тренерот на Милан, Стефано Пиоли.
„Ибрахимовиќ нема да игра поради преоптоварување на коленото“, потврди предводникот на „росонерите“.
Во Милан имаат доста проблеми со повредите, но тимот засега добро се снаоѓа, се наоѓа во на третото место на табелата и нема право кикс доколку сака да го задржи ритамот.
Ибрахимовиќ оваа сезона одигра 11 меча во Серија А и запиша седум гола и две асистенции.
Дуелот со Емполи е закажан со почеток во 20:45 часот..