Лидерот на второлигашката конуренција Запад, тимот на Силекс, веќе наголемо планира и се однесува како прволигаш. Всушност, Кратовци во функционирањето во ниту еден момент не покажаа дека планираат долго да се второлигаши, туку оваа сезона ја имаат за поука како во иднина да се констатно во првата лига.
Па така, Силекс планира зимава да се подготвува во Анталија, и тоа во период од 27. јануари до 9. февруари. Кратовци веќе неколку години одат на подготовки во Турција, па така ќе биде и овојпат.
Како прв закажан тест натпревар е оној на 31. јануари против Металац, суперлигашот од Србија, а за преостанатите ривали дополнително ќе биде одлучено.