Атлетико го запиша и четвртиот пораз по ред (видео)

95

Екипата на Гранада оствари победа од 2:1 против шпанскиот првак Атлетико Мадрид во одложениот меч од 9. коло во Ла Лига. „Јорганџиите“ поведоа со голот на Жоао Феликс во 2. минута, но изедначи Мачис во 17-тата.

Во второто полувреме ветеранот Хорхе Молина, кој пред неколку денови постигна хет-трик против Мајорка, сега погоди за голема победа на Гранада, петта во досегашниот дел од шампионатот. Атлетико падна на петтото место и има пет порази од кои четири на претходните четири натпревари. Порази од Мајорка, Реал Мадрид, Севиља и сега од Гранада.

ПретходноГодина на Магдевски, Митрашиновиќ, Симиќ и Рајковиќ
СледноВозачите во Формула 1 направиле штета од речиси 39 милиони евра