Тимот на Беса Добри дол, очекува во пролетниот дел од ВМФЛ Запад да одработи далеку подобра полусезона. Во таа насока се и промените кои се случуваат во клубот во моментов, но и оние кои се најавени за следниот период.
Па така, раководството на клубот го најави Џенгис Реџепи како нов шеф на стручниот штаб, а човекот кој беше дел од најголемиот успех на репрезентацијата на Македонија и пласманот на ЕП секако дека е голем чекор напред барем кога станува збор за струката.
Со ангажирањето на Реџепи, Беса секако дека потоа ќе се заврти кон адекватно засилување на екипата, односно правење на тим кој напролет ќе биде сериозен кандидат за највисок пласман.