Возачите во Формула 1 направиле штета од речиси 39 милиони евра

157

Во сезоната што помина секој од 20-те возачи во Формула 1 на некој начин го оштетил болидот, а па екипите морале да набават нови делови кои се исклучително скапи. Вкупно за поправки на болидите биле потрошени 38.871.000 евра. Како споредба цената на еден цел болид е 10,5 милиони евра.

Најмалку штета за својата екипа направил Естебан Окон. Поправките на неговиот болид чинеле само 280.000 евра.

Уште петмина направиле штета помала од 1 милиони, а најмногу пари за поправки дале Хас за болидот на Мик Шумахер, дури 4.212.500 евра.

На второто место е Шарл Леклер од Ферари (4.046.000 евра), а на третото место е шампионот Макс Верстапен. Поправките на болидот го чинеле Ред Бул 3.889.000 евра.

 

ПретходноАтлетико го запиша и четвртиот пораз по ред (видео)
СледноСпеција не шутна, а го победи Наполи на „Диего Марадона“ (видео)