Добра вест од Шпанија. Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се врати на терените после два месеци пауза по повредата. За жал нашиот најдобар кошаркар и неговата Валенсија беа поразени во Цедевита Олимпија со 85-97 во рамките на Евро-Купот.
Димитријевиќ во игра мина нецели 12. минута за кои постигна пет поени (1/2 за два, 3/3 за еден поен), зад своето име додаде еден скок, една асисетенција и една украдена топка.
За Валенсија ова беше трет пораз оваа сезона, со четири победи се наоѓа на четвртото место на табелата во групата Б зад Гран Канарија, Вирутс Болоња и Будуќност.