Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази незадоволство што Премиер лигата и натаму е со истиот распоред околу новогодишните и божиќните празници и покрај се поголемиот број на заразени по клубовите. Токму „Редси“ на 26 декември ќе му гостуваат на Лидс во натпревар од 19. коло на англискиот шампионат, а на 28 декември ќе гостува кај Лестер во натпревар од 20. коло. Клоп смета дека е дојдено време да се преземат соодветни мерки и мечевите да не се играат така често.
„Не можам да не ја забележам растечката вознемиреност во општеството, а особено во фудбалот поради ситуацијата со коронавирусот“, изјави германскиот стручњак. На сите им е тешко во оваа неизвесна средина, но ќе повторам и ќе кажам дека мора да продолжиме да играме додека не ни кажат дека не е безбедно или правилно да го правиме тоа“, изјави Јирген Клоп, по повод неговиот став за продолжението на првенство.