Кузмановски одличен во дресот на Хановер, Пешевски и Штутгарт не издржаа против Кил

129

Денеска во Бундес лигата се играа натпревари од 17. коло, а македонските интернационалци имаа различни ефекти. Филип Кузмановски со својот Хановер беше поразен дома од Гепинген со 32:34, а нашиот интернационалец постигна пет гола од седум обиди.

Штутгарт на Пешевски доживеа пораз на гостувањето кај Кил со 35:31 иако на полувреме имаа водство од два гола. Македонскиот пикер постигна два гола.

Вецлар за кого игра Филип Миркуловски оствари победа на гости кај Минден со 23:24 и нашиот бек не одигра ниту една минута.

Претходно„Златната генерација“ од ЕП 2011 со посебно признание во изборот на најдобрите во „мак-баскетот“
СледноГодина на Магдевски, Митрашиновиќ, Симиќ и Рајковиќ