Лацио добар против Венеција, Болоња го „шокираше“ Сасуоло (ВИДЕО)

132

Во рамките од тековното 19. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат, Серија А, предмалку се одиграа два мечеви од попладневава програма. Во нив, тимот на Лацио на гостински терен славеше над тимот на Венеција со 1:3, а Болоња исто така на гостински терен успеа да слави убедливо против Сасуоло со 0:3.

Лацио ја оправда улогата на фаворит на овој меч и уште во третата минута преку Педро успеа да поведе со 0:1. Следуваше изедначување пред полувреме, за домаќинот погоди Форте, а на самиот старт на вториот дел, Лацио повторно води. Ачерби ги носи Римјаните до второ водство, за да во последните моменти од мечот, Луис Алберто ги постави конечните 1:3.

Од друга страна пак, Болоња со 0:3 триумфираше кај Сасуоло во дуел во кој тотално доминираше, барем според ефикасноста. ПОгодија Орсолини и Хикеј во првиот дел, а Бинск ја завери победата во продолжението.

ПретходноДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СТАНУВА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЛОТАРИИ
СледноБеса најавува екстра засилувања со Реџепи на чело