Менди доби уште едно, седмо обвинение за силување!

260

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенжамин Менди е обвинет за уште едно силување.

Менди се појави пред судот во Честер, каде сега е обвинет за седум обвиненија за силување и едно за сексуален напад, во врска со пет жени, објави Би-Би-Си.

Последното обвинение се однесува на новиот подносител, а наводно се случило во јули годинава. Претходните наводи се однесуваат на настани меѓу октомври 2020 година и август оваа година.

Менди е во притвор од 27 август, а судот во Честер го одби неговото трето барање за ослободување со кауција во октомври. Манчестер Сити го суспендираше 27-годишниот француски фудбалер по обвинувањата.

ПретходноСинот на Шумахер следната сезона може да вози за Ферари!
СледноСе „прекрши“ да си оди од Барса за поголема плата, па сега е проблем што не игра