Најстариот играч во НБА-лига ја постигна шестата тројка во 19-годишната кариера (ВИДЕО)

281

Мајами дојде до убедлива победа, ја совлада Индијана со 125-96, а најемотивниот момент се случи кога во последната четвртина влезе Удонис Хаслем и постигна тројка со која Мајами го изедначи рекордот со 22 постигнати погодени удари од оваа позиција.

Хаслем на 41 година е најстариот кошаркар во НБА-лигата, во која дебитираше во 2003 година, исто како и Леброн Џејмс. Двајцата заедно со Кармело Ентони се единствените активни играчи од таа генерација.

Хаслем својата кариера ја мина во Мајами, во последните две години ја има и улогата на помошен тренер. За него ова беше 21. настап во последните четири сезони, како и шеста тројка во 19-годишната кариера.

Феникс се зацврсти на врвот во НБА-лигата со 25. триумф во 30 одиграни натпревари оваа сезона. Првпат на гости славеа кај ЛА Лејкерс, кој има проблем со повреди и пандемијата коронавирус. Овој дуел го добија со 108-90.

Букер во својот втор меч по повредата постигна 24 поени, Ајтон запиша 19 поени и 11 скока. Кај Лејкерси, Леброн Џејмс имаше 34 поени, Вестбрук запиша 20.

Леброн мина 34 минути во игра, Санси предноста ја изградија во последните 14. минуити кога тој ги мина на клупата. За Лејкерси ова беше трета пораз во низа, одново паднаа на половичен учинок.

Резултати:
Мајами – Индијана 125:96
Њујорк – Детроит 105:91
Њу Орлеанс – Портланд 111:97
Далас – Минесота 114:102
ЛА Лејкерс – Феникс 90:108
Бруклин – Вашингтон одложен

ПретходноДимитријевиќ се врати на терените после речиси два месеци пауза!
СледноДуда Ивковиќ номиниран за влез во „Куќата на славните“