Ново име во стручниот штаб на Лазаров

2014

Македонската ракометна репрезентација денеска и официјално ќе означи старт на подготовките за Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Прозивката селекторот Кирил Лазаров ја закажа за 12 часот во хотелот „Александар Палас“, по што ракометарите веднаш ќе заминат за Маврово каде ќе биде одработена првата фаза од подготовките.

Во стручниот штаб на Лазаров ќе има ново име. Станува збор за Ице Соколeски од Е.Пелистер, кој ќе работи со голманите на македонската ракометна репрезентација. За мрежата на Македонија на престојното континентално натпреварување ќе бидат задолжени Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ.

Нашите ракометари во рамките на подготовките ќе одиграат четири пријателски натпревари, два против Кувајт во Маврово и два против Изреал во Скопје. Првиот меч на ЕП 2022 го играат на 13. јануари против Словенија, во нашата група уште се наоѓаат и Црна Гора и Данска.

ПретходноЧави по ремито со Севиља пофали еден играч!
СледноКФСМ ја собира славната генерација од ЕП 2011 на едно место!