Повратникот во нашата ракометна селекција, Гоце Ојлевски, пред новинарите на денешниот собир на националниот тим во Скопје, со свои очекувања од подготовките и настапот на нашата селекција на престојното ЕП.
„Во разговор со селекторот Кирил Лазаров поради моето искуство одлучивме да се приклучам на овој собир, но тоа не значи дека ќе учествувам на ЕП. Имаме подготовки и контролни натпревари кои може да донесат секакви несакани ситуации и затоа јас сум тука и колку што можам ќе им помогнам на помладите. Во првата фаза од припремите ќе целиме кон подигнување на физичката подготвеност, па затоа и контролните натпревари ќе ни бидат добредојдени. Тие натпревари ќе ни дадат една слика за ЕП. Нема да бидеме аутсајдари на ЕП, имаме многу искусни играчи. Со овој состав можеме да се натпреваруваме со сите селекции“.