ПСЖ во последните секунди се спаси од пораз во Лориен, Рамос доби црвен картон (видео)

240

Француските богаташи Пари Сен Жермен избегна бламажа вечерва на гостувањето кај Лориен во 19. коло на Лига 1. Домашните водеа со голот на Монкодуит во 40. минута и имаа водство буквално до судиското продолжение на мечот, а потоа парижаните се спасија. Во 86. минута Серхио Рамос поцрвене (втор жолт картон), но во 91 минута Мауро Икарди успеа да погоди за 1:1 и да му донесе бод на лидерот на табелата.

Во последните четири кола ПСЖ има три ремија и една победа. И покрај тоа што не е во ритам ПСЖ е лидер со 46 бода, 13 повеќе од вториот Ница. Лориен е претпоследен.

ГОЛОТ НА ПСЖ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

 

 

ПретходноСпеција не шутна, а го победи Наполи на „Диего Марадона“ (видео)
СледноЛиверпул се спаси во 95 минута, па победи на пенали во Лига купот