Македонската ракометна репрезентација почна со мисијата ЕП 2022. На првата прозивка не дојдоа четворица ракометари поради обврски кон своите клубови, а Кирил Лазаров непосредно пред стартот направи промена во составот.
Марко Стојковиќ ќе го смени Никола Маркоски на пикерската позиција. Стојковиќ е кадетски репрезентативец на Македонија и член на Алкалоид. Маркоски не е во составот поради повреда, но ќе биде со тимот, ќе се прати неговата здравствена состојба.
Ракометарите денеска заминуваат за Маврово каде ќе го одработат првиот дел од подготовките.
Македонија на ЕП 2022 ќе биде во група со Словенија, Црна Гора и Данска.