Сара Хектор по седум години победи на трка од СК

88

Швеѓанката Сара Хектор е победничка во вториот велеслалом во француски Куршевел. Вчера во истата категорија триумфираше Микаела Шифрин, а Хектор беше втора, денеска тие си ги заменија местата. Хектор заврши како прва, додека Шифрин втора. Трета беше Италијанката Марта Басино.

За Хектор ова е втора победа во Светскиот куп односно прва по седум години. Исто така ова е прв триумф на Швеѓанка во Светскиот куп во алпско скијање по Фрида Хансдотер во слаломот во јануари 2017 година.

Трките продолжуваат во австриски Линц на 28 и 29 декември ќе се одржи велеслалом и слалом.

ПретходноЏо Џонсон се реактивираше на 40. години
Следно„Златната генерација“ од ЕП 2011 со посебно признание во изборот на најдобрите во „мак-баскетот“