Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик добива нова улога во Формула 1 следната сезона. Покрај неговата улога како редовен возач за тимот на Хаас, 22-годишниот Мик ќе биде достапен и како заменски возач на Ферари во наредната сезона. Договорот се однесува на единаесет од 23 трки во сезоната 2022 година.
„Не смееме да заборавиме дека Мик е возач на Ферари“, вели тимскиот шеф Матија Биното.
„Тој е дел од нашата јуниорска академија. Ја водиме оваа програма за да го добиеме следниот возач на Ферари“.