Таткото на Ѓоковиќ категоричен: Ако го пуштат да влезе, Новаќ ќе игра на АО

857

Таткото на Новак Ѓоковиќ, изјавил дека на неговиот син чека дозвола за учество на Австралија Опен.

Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи во Мелбурн од 17 до 30 јануари, а властите на австралиската држава Викторија, им забранија на тенисерите да влезат во регионот доколку не се вакцинирани против Ковид-19. Ѓоковиќ не открива дали е вакциниран, но неговиот татко напомена дека засега не знаат дали ќе патуваат за Австралија.

„Нивна работа е дали ќе го пуштат или не. Мислам на земјата каде што се одржува Австралија опен. Тој би сакал да учествува, но ќе игра таму каде што ќе му биде дозволено. Го прави тоа што го смета за најдобро за себе. Никој нема да му го наметнува своето мислење“, изјавил таткото на Ѓоковиќ.

ПретходноОјлески: Со селекторот се договоривме да бидам тука за да им помогнам на помладите
СледноНХЛ донела одлука: Играчите од лигата нема да играат на ЗОИ во Пекинг!