Екипата на Барселона на пролет ќе биде посилна за Феран Торес. Повеќе веродостојни извори денеска ја пренесоа, односно ја потврдија оваа информација, дека сегашниот играч на Манчестер Сити, доаѓа како новитет на инсистирање на тренерот Чави.
Торес би бил второто засилување за тимот во мандато на новиот тренер, а претходно веќе се приклучи ветеранот Дани Алвеш.
Торес според информациите пристигнува за 55 милиони евра, плус десет милиони на име на бонуси во зависност од неговиот учинок.
Медиумите во Шпанија пренесуваат и информација, дека доколу овој трансфер се дефинитира, дека Барселона во тој случај, би го платила Торес десетина пати повеќе отколку во првиот случај кога имала можност да го доведе. Тоа било во времето кога Торес е пробивал во тимот на Валенсија, и кога овој клуб за него барал седум милиони евра. Сепак, тогашниот претседател на Барселона, БАртомеу сметал дека тој не е вреден да се доведе.