Чави по ремито со Севиља пофали еден играч!

813

Барселона одигра добар меч против Севиља, спроед тренерот Чави Хернандез. Дуелот заврши без победник (1-1), а каталонскиот гигант имаше шанса да дојде до победа, голем дел од второто полувреме имаше играч повеќе.

„Ни недостасуваше трпение, но бевме многу добри. Дембеле беше многу добар“, изјави Чави по натпреварот, па продолжи:

„Да влезеше шутот на Дембеле, сега ќе зборувавме за феноменален натпревар. Одигравме како што сакав да играме, ја заслуживме победата. Имавме карактер на теренот, притискавме, топката одеше брзо. Ова беше многу тежок терен, но добро се снајдовме. Ова е Барселона која секој сака да ја види“.

Барселона е на седмото место на табелата во Ла Лига со седум победи, седум ремија и четири порази.

ПретходноДуда Ивковиќ номиниран за влез во „Куќата на славните“
СледноНово име во стручниот штаб на Лазаров