Година на Магдевски, Митрашиновиќ, Симиќ и Рајковиќ

341

Македонската кошаркарска федерација ги подели наградите за најдобрите за 2021 година. Андреј Магдевски е број еден кошаркар во сениорска конкуренција. Репрезентативецот беше прогласен за МВП на финалната серија минатата сезона во која МЗТ Скопје, сега неговиот екс-тим ја освои титулата.

За најдобра кошаркарка е избрана Анџелика Митрашиновиќ. Искусната репрезентативка со Баскет Кам ја освои двојната титула, а токму признанието за најкорисна кошаркарка и припадна токму неа. Теодор Симиќ го понесе признанието за најдобар млад кошаркар.

Членот на младинскиот тим на Барселона, веќе добива сериозни минути во нашиот најдобар национален тим, во иднина се очекува да биде лидер под обрачите. МЗТ Скопје е најдобриот сениорски тим, сосема очекувано, оваа година се закити со три тофеи, првенството, Купот на Македонија и Супер-Купот.

Кај дамите ова признание отиде во рацете на двократниот освојувач, Баскет Кам. Најдобра млада женска екипа е Бадел, додека во машка конкуренција е Феникс. Најдобар тренер во сениорска конкуренција е Горан Самарџиев, кој Еуро Никел го предводеше до финалето на плеј-офот.

Најдобар репрезент во странство е Емил Рајковиќ, македонскиот стратег успешно ја гради својата интернационална кариера, со Астана освои титули, додека сега со новиот тим, Саратов го држи првото место во ВТБ лигата.

Најдобар тренер во сениорска женска конкуренција, Александар Ашаданов.

СИТЕ НАГРАДЕНИ

Најдобар кошаркар      Андреј Магдевски

Најдобра кошаркарка  Анџелика Митрашиновиќ

Најдобра женска екипа              Бадел Кам

Најдобра машка екипа                                МЗТ Скопје

Најдобар тренер на женска екипа        Александар Ашаданов

Најдобар тренер на машка екипа         Горан Самарџиев

Најдобар судија              Игор Митровски

Најдобар репрезент во странство         Емил Рајковиќ

Најдобар тренер во младинска конкуренција Андреј Апостолски Лечиќ

Најдобар тренер во женска младинска конкуренција Анета Глигорова

Најдобра млада кошаркара Михаела Алексовска

Најдобра репрезентација – женската кадетска селекција

Македонската кошаркарска федерација додели и посебно признание за промоција на инклузивно спортување на лицата со попреченост на Специјална Олимпијада на Македонија предводена од Дарко Крстиќ и Драган Караџовски, заедно со петте атлети: Мирослав Георгиевски, Виктор Бошковски, Јане Никодиновски, Адо Дупљак и Горјан Стојковски.

Постхумно, федерацијата им додели плакети на членовите на семејствата на кошаркарските работници за исклучителни постигнувања во кошаркарскиот спорт: Благоја Георгиевски – Буштур, Марјан Лазовски, Драган Василов – Цевка, Војислав Зивчевиќ и Анте Дуковски.

ПретходноКузмановски одличен во дресот на Хановер, Пешевски и Штутгарт не издржаа против Кил
СледноАтлетико го запиша и четвртиот пораз по ред (видео)