Вардар го враќа Иван Мицевски, подготовките во Анталија

2136

Тимот на Вардар зимава не планира премногу да менува во ростерот. Раководството на клубот во од ги решава работите, но вели дека во принцип екипата нема премногу да се менува оваа зима. Ќе се пополнуваат оние дупки кои реално се појавија според играта, ќе се засилат “црвено – црните“ на оние позиции каде се „најтенки“, но ќе врати и некои играчи кои со своите настапи во други екипи заслужиле враќање од позајмица.
Таков е случајот со Иван Мицевски кој одработи шест месеци на позајмица во тимот на Осогово, па сега се враќа во Вардар со кој што има активен договор.

Стоперот кој има 190 сантиметри ќе биде од голема помош во ротацијата на тренерот Глигоров, каде што Вардар во последните неколку кола доби засилување во Никола Ристески. Како што е добро познато, Вардар веќе го промовираше како новитет, Филип Гачевски.

Турција следна дезтинација

Како што Спортмедиа дознава, Вардар најверојатно заминува на подготовки во Турција. Сеуште се бира дестинацијата и терминот, но нивото на клубот мора да биде запазено дури и во второлигашка конкуренција, па нормално е Вардар да замине онаму каде што ќе ги има најдобрите услови за подготовка.

 

ПретходноФеран Торес зимава пристигнува во Барселона
СледноСудијата Пиљафов поднесе дисциплинска против Милојевиќ за „местенка“