Македонската кошаркарска федерација ја продолжува традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт.
На свеченоста која ќе биде вечерва (19.30 часот), во хотелот „Лимак“ во Скопје, најуспешните во оваа 2021 година ќе ги добијат заслужените признанија.
Освен тоа, федерацијата подготви посебни плакети и за големиот број на соработници кои беа од голема помош во реализацијата на плановите во оваа календарска година.
Свое место на церемонијата ќе си најде и славната генерација од Европското пренство во Литванија – 2011 година.
Ќе бидат прогласени вкупно 17. добитници на годинешните награди. Андреј Магдевски треба да го понесе признанието за најдобар кошаркар, додека кај дамите тоа ќе биде Анџелика Митрашиновиќ.