Лазаров: Цврсто стоиме на земја и знаеме што не очекува

354

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска ја имаше првата прозивка на националниот тим пред почетокот на подготовките за ЕП 2022. Пред новинарите, нашиот капитен и предводник зборуваше за очекувањата од ЕП.

„Најпозитивна работа е што оваа национална селекција почнувајќи од 2012 година има континуитет и тоа ни е прва и основна цел до сега, а ќе биде и понатаму. Мислам дека нашата машка селекција е со најголеми големи натпреварувања, во споредба со другите селекции и тоа е големината на оваа репрезентација. Процесот на подмладување е почнат, неминовно е една генерација да замине и треба да создаваме нова. Но, секогаш се добредојдени искусни играчи од типот на Миркуловски, Стоилов, Митревски, Никола Марковски… да не ги набројувам сите. Добро е да направиме млада, но и во некои делови да имаме искусна репрезентација, затоа што во било кој е потребно такво искуство и потребни се километри. Нема да се откажеме од ниеден играч и затоа треба да бидеме благодарни, посебно на Филип Миркуловски, кој прифати да биде на располагање на Македонија и тоа треба да го почитуваме. Тој ни бил потребен, сега ни е потребен и ќе ни биде потребен”, изјави Лазаров пред поаѓањето за Маврово. 

Македонија е во тешка група, ракометарите предводени токму од Кире, веруваат во убави нешта, но истовремено стојат цврсто на земја.

” Очекувања? Веруваме во убави работи, но од друга страна стоиме цврсто на земја и знаеме што не очекува. Доаѓа тешка група во која е Словенија, не треба да трошам зборови за неа и за индивидуалните способности. Данска, која е олимписки, светски, европски првак. После онаа победа наша во Скопје, сигурно деа ќе не сфатат посериозно. Многу тешко ќе биде да се повтори таков успех. Црна Гора е селекција за почит, со еден селектор Рогановиќ, поранешен десен бек, тренер на кој му веруваат. Играат со срце и желба за државата. Треба да бидеме претпазливи. Ништо не треба да не изненади, наше е да работиме квалитетно. Секогаш велиме немаме доволно време, сега имаме доволно време. Ќе направиме квалитетни подготовки, прво во Маврово, потоа во Скопје. Инсистирав на четири тест-натпревари. Сакаме да победиме и да ги видиме сите играчи со кои располагаме. Секој тренинг и натпревар ни се важни. Помладите тука „купуваат“ минути и ни покажуваат квалитет, а ние ќе одлучиме дали ќе им дадеме повеќе минутажа на големата сцена. Работиме на физичката спремност, мора да бидеме на високо ниво со големи репрезентации и да играме од почетокот до крај“. 

Претходно„Баделки“ продолжуваат со доминацијата!
СледноОјлески: Со селекторот се договоривме да бидам тука за да им помогнам на помладите