Милан без Ибрахимовиќ против Емполи

144

Златан Ибрахимовиќ нема да може да му помогне на својот тим на дуелот против Емполи во рамките на 19. коло во Серија.

Шведскиот напаѓач поради проблем со коленото ќе биде поштеден за оваа средба, потврди и тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

„Ибрахимовиќ нема да игра поради преоптоварување на коленото“, потврди предводникот на „росонерите“.

Во Милан имаат доста проблеми со повредите, но тимот засега добро се снаоѓа, се наоѓа во на третото место на табелата и нема право кикс доколку сака да го задржи ритамот.

Ибрахимовиќ оваа сезона одигра 11 меча во Серија А и запиша седум гола и две асистенции.

Дуелот со Емполи е закажан со почеток во 20:45 часот..

ПретходноКФСМ ја собира славната генерација од ЕП 2011 на едно место!
СледноЛеброн Џејмс прави што сака – каде сака (ВИДЕО)