Француските богаташи Пари Сен Жермен избегна бламажа вечерва на гостувањето кај Лориен во 19. коло на Лига 1. Домашните водеа со голот на Монкодуит во 40. минута и имаа водство буквално до судиското продолжение на мечот, а потоа парижаните се спасија. Во 86. минута Серхио Рамос поцрвене (втор жолт картон), но во 91 минута Мауро Икарди успеа да погоди за 1:1 и да му донесе бод на лидерот на табелата.
Во последните четири кола ПСЖ има три ремија и една победа. И покрај тоа што не е во ритам ПСЖ е лидер со 46 бода, 13 повеќе од вториот Ница. Лориен е претпоследен.
ГОЛОТ НА ПСЖ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ