Судијата Васил Пиљафов го пријави комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ поради нерегуларности околу делегирањето за дуелот меѓу ТФТ и Работнички од минатата сезона во рамките на четвртфиналето одиграна на 15 мај. Според него лица од надвор барале преку судии да им се помогне на кошаркарите на ТФТ. Иако Работнички го добива овој меч со конечни 66:62, сепак, Пиљафов смета дека на истиот имало нерегуларности, па затоа и ја поднесува пријавата.
Неговата пријава ви ја пренесуваме во целост.