Интер не ги дава своите деца: Нов договор за Димарко

219

Интер денеска и офцијално го потврди новиот договор со дефанзивецот Федерико Димарко.

Новиот договор на младиот фудбалер ќе важи до летото 2026 година.

Италијанецот е дете на Интер, но дури оваа сезона почна да игра редовно за него. Претходниот мина период како позајмен во дресот на Верона.

Во тековниот шампионат во Серија А, Димарко настапи на 18 натпревари на кои постигна 2 гола.

ПретходноФранција не може да крене глава од проблеми: Карабатиќ, Кункуд и Лен се ковид-позитивни
СледноГо нема Јанг, но тука е Богдановиќ: Атланта на крилата на Србинот славеше против Филаделфија