Барселона го изедначи рекордот на Цибона

229

Кошаркарите на Барселона успеаја да се вратат од негатива од 20 поени на стартот на последната четвртина, во последните пет минути имаа и минус од 15 поени, на крајот успеаја да го совладаа Уникс по продолжение со 111-109 во рамките на 17. коло во Евролига. Кошаркарите на каталонскиот клуб го изедначија рекордот на Цибона во ова натпреварување.

Барселона на овој меч успешно изведе 42 слободни фрлања и стана четврта екипа во Евролигата со оваа бројка на реализирани удари за еден поен. Меѓу трите екипи кои го имаат направено тоа се Цибона 2006 година, Макаби Тел Авив 2003 година и Панатинаикос во 2007 година.

Барселона дојде до 15 победа со два порази и натаму го држи врвот на табелата во Евролига.
ПретходноЖестока пресметка на навивачи во Лондон, едно лице остана беспомошно да лежи (ВИДЕО)
СледноПелистер се враќа во „комфорната“ зона, првакот на дуел со „академците“