„Бомба“: Стефан Спировски се враќа во Вардар!?

5445

Како што дознава „Спортмедиа“, Вардар по враќањето на Филип Гачевски, поготвува уште една трансфер – бомба. А тоа е Стефан Спировски, актуелен репрезентативец на А- селекцијата на Македонија и еден од нашите најдобри фудбалери во средниот ред.

Имено како што дознаваме наголемо се воделе преговори меѓу раководството на Вардар и самиот Спировски кој моментално е без клуб. Понудата на Вардар, секако неофицијално, била двегодишен договор.

Да кажеме дека Спировски беше во Вардар од јануари 2015 до август 2017. Беше дел од златната генерација на клубот, но сепак не играше во групната фаза во Лигата на Европа, тој тогаш направи трансфер во Ференцварош.

Значи по четири години тој ќе се врати во Вардар, барем такви се желбите на клубот кој во моментов се натпреварува во ВМФЛ – ЗАПАД и заврши како трет во есенската полусезона.

Инаку Вардар веќе го договорил и Дарко Мицевски, останува само да се договорат деталите и одличниот играч за врска да биде промовиран.

ПретходноIN MEMORIAM: Сашо Лазаров (1968-2021)
СледноНикола Митревски номиниран за најдобар голман во Португалија