Босанецот Стипо Марковиќ пред вратите на Шкендија!

1924

Како што дознава „Спортмедиа“, Стипо Марковиќ (28) е пред потпис со Шкендија, со актуелниот шампион на Македонија. Станува збор за играч кој може да игра на левата бековска позиција, но може и нешто понапред по таа лева страна, а последен клуб му бил Локомотива Загреб. Претходно долги години играше во Широки Бријег, каде што стратег му беше нашиот трофеен тренер Гоце Седлоски.

Значи може да се случи Марковиќ сега да игра против својот поранешен учител.

Инаку Марковиќ доаѓа на инсистирање на стратегот на Шкендија, Бруно Акраповиќ. Интересно е тоа што тетовци уште во летниот преоден рок сакаа да го ангажираат овој фудбалер, имаше и преговори, но тогаш не дојде до договор.

ПретходноФИФА ЛИСТА: Македонија годината ја заврши како 67-ма сила во светот!
СледноКороната прави хаос: Одложени два меча на “Боксинг деј“ во Премиер – лигата!