Иако има уште многу до натпреварите во Лигата на Нации, каде Македонија во јуни и септември ќе игра со Бугарија, во тамошната јавноста како да се загрева атмосферата.
Јасно е дека нам во преден план ни е баражот за пласман на СП во Катар 2022 година, но на Бугарите им е Лигата на Нации. Па така секојдневно се лиферуваат информции кој што кажал, како против Македонија и слично.
Вчера во тамошните медиуми свое видување имаше и селекторот на репрезентацијата на Бугарија, Јасен Петров кој покрај другото истакна…
“Верувајте ми, јас сум најголем оптимист. Верувам во првото место во групата. Никого не потценуваме, но искрено не ми е грижа за Македонија, не и се плашиме на таа репрезентација. Имам желба со освојување на тоа прво место во групата да го направам секој Бугарин среќен“ истакна Петров.